Кака се враќа во Милан?

Италијанските медиуми пренесуваат дека Бразилецот би можел да се врати во клубот каде ја стекна фудбалската афирмација.

Со оглед на тоа дека Мурињо се помалку му укажува шанса, фудбалерот на Реал Мадрид е се поизвесно дека ќе го напушти овој клуб.

Се шпекулира дека Кака ќе го напушти тимот на Реал Мадрид уште во јануарскиот преоден-трансфер период.

Се говореше околу тоа дека Кака би можел да се пресели во Коринтианс, а заинтересиран беше и тимот на Лос Анџелес Галакси за услугите на бразилецот.

„Кака сака да остане во Европа. Можеби во иднина ќе го смени своето мислење, но за сега Европа е единствената опција“ изјави Леите, агентот на Кака.

Италијанските медиуми оваа изјава ја сфатија како индиректна порака дека Кака би сакал да се врати во неговиот поранешен клуб Милан.

Пронајдете не на следниве мрежи: