Тренерот на Тотенхем реагираше на коментарите на Модриќ кој го повика Герет Бејл да се пресели во екипата на Реал Мадрид.
Хрватскиот репрезентативец јавно го повика својот некогашен соиграч да му се придружи во Реал Мадрид.
Вилаш-Боаш реагираше на таквите коментари на Лука Модриќ и го посоветува да не се меша во работата на екипата на Тотенхем.
„Клубот на Модриќ има големи обврски и со домашното првенство и со Лигата на Шампионите, и подобро би му било да размислува околу тоа како би се пласирал во четвртфиналето. Подобро ќе му биде да размислува за натпреварот со Атлетико кој е пред Реал“ изјави Вилаш-Боаш.
Пронајдете не на следниве мрежи: