Роналдо: Чест да се биде номиниран за ваква награда

Португалскиот интернационалец во редовите на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо, ја покажа својата скромна страна во интервју за клубскиот интернет-сајт на Реал Мадрид, на кој се осврна на номинацијата за престижната ФИФА награда „Златна Топка“.

Роналдо е избран меѓу тројцата избрани играчи кои се кандидати за титулата најдобар во 2012-тата година. Преостанатите двајца фудбалери се Лионел Меси и неговиот клубски колега од Барселона, Андрес Иниеста. Португалецот се надева дека неговите 46 голови во 38 настапи во Примера Дивизијата ќе бидат доволни за освојување на мошне престижната награда која последен пат ја доби во 2008-мата година.

„За мене тоа искрено е чест да се биде меѓу тројца кандидати за наградата „Златната Топка“. Исто така среќен сум што сум кандидиран за номинација за најдобар играч за годината според изборот на ФИФА“ изјави Роналдо.

Пронајдете не на следниве мрежи: