Франсоис Галардо и порача на Барселона дека треба да биде загрижена.
Британскиот таблоид „Сан“ пласираше приказна дека на тренерската клупа на Манчестер Сити од следната сезона ќе седне Жозе Мурињо. „Мирор“ објави нова верзија на целата приказна околу тренерското место во Манчестер Сити, и наместо Мурињо, фигурираше името на Пеп Гвардиола, се шпекулира дека наводно веќе прифатил да биде тренер на Сити.
„Гвардиола има пред-договор со Сити и нема да ги слуша понудите од Милан, исто така нема да ги слушне ни од било кој друг клуб, па колку и да понудат“ изјави Галардо.
Сити веќе доведе двајца челници од Барселона, Чики Бегиристејн стана нов спортски директор на клубот, додека пак Феран Сориано нов извршен директор.
Пронајдете не на следниве мрежи: