Серена Вилијамс најдобра тенисерка за изминатата година

Серена Вилијамс по четврти пат беше избрана за најдобра тенисерка на годината, сосема логично американската тенисерка од страна на ВТА беше наградена со оваа награда за 2012-тата година, ова е четврта титула за Серена како е прогласувана за најдобра тенисерка за завршената сезона.

Во текот на годината Серена од најсилните турнири го освои Вимблдон, УС Опен, завршниот „Сони Чемпионшип“ како и турнирот во Лондон.

Одигра најдобро од сите, па воопшто не е проблем тоа што заврши на третото место зад Викторија Азаренка и Марија Шарапова.

Пронајдете не на следниве мрежи: