Дневен хороскоп за 01.12.2012 – сабота.
Овен
Обидете се од денот максимално да профитирате. Водете сметка за сопствените можности и не работите ништо преку нив. Доколку се исцрпувате до бесвест, лесно може да се разболите. Ако забележите дека не сте најдобро, не очајувајте – омалаксаноста е минлива.
Бик
Многумина од вас имаат емотивни проблеми поради идеализирање на саканата личност. На тој план планетите не им се баш наклонети, а и нивната природа ги комплицира нештата и таму каде што за тоа нема потреба. Има и други мотиви за занимавање со она што носи резултати.
Близнаци
Опасноста од повреди постои, но можете да ја елиминирате со претпазливост. Сакате да доминирате и таа желба е јака, па поради неа може да трпат брачно-партнерските односи. Не дозволувајте поради некои ваши негативни особини да трпат најблиските.
Рак
Некого до таа мера го шармирате, што не ќе може да ви одолее. Тоа го користите, како по обичај, во практична цел. Обидете се да го искористите сопственото влијание за да остварите што подобар деловен потез. Имате поддршка од повеќе личности. Денот е одличен за решавање егзистенцијални проблеми.
Лав
Имате чувство дека сте заборавени и дека на личноста која многу ви значи не и е гајле за вас. Грешите. Бидејќи денот е поволен за воспоставување контакти со странство, под услов на нив да се сконцентрирате, ќе го ублажите незадоволството.
Девица
Фантазирате за далечни краеви и патувања. Бидејќи не можете да се скрасите на едно место, а моменталниот пад на физичката сила тоа го наложува, побегнете во фиктивниот свет, тоа е вистинско решение. Доколку од тој свет брзо излезете, ќе биде одлично, доколку не, ќе имате проблеми.
Вага
Поволниот период продолжува. Имате одлични позиции на работа, што се одразува на вашето расположение. Доколку тоа не е точно, знајте дека некаде грешите. Реалната состојба е идеален показател на тоа каде сме, што сме и колку вредиме. Размислете.
Скорпија
Расположението ви се поправа. Се чувствувате одлично и се ви оди од рака. Иако околината е ладна спрема вас, не грижете се, бидејќи сте свртени само кон оние нешта од кои имате корист. Емоциите ги оставате настрана и за подобри времиња, но еден Рак постојано мисли на вас.
Стрелец
Можни се несоници и љубовни јадови. Кога подобро ќе размислите, за се сами сте криви, па и за односите со спротивниот пол. Бидејќи од другите моментално очекувате повеќе отколку што сте во состојба да дадете, ништо нема ни да добиете.
Јарец
Шансите за деловен напредок, духовна експанзија и закрепнување моментално се големи. Сепак, се зависи од вас. Нема ништо да ви падне од небо. Морате да знаете што сакате и во согласност со тоа да функционирате. Издвојте ги приоритетите.
Водолија
Правите само грешки. Очекувате повеќе отколку што можете да дадете, нереално расудувате, па опасноста од разочарувања е неминовна. Избегнувајте ракување со пари, бидејќи разочарувањето од финансиска природа може дефинитивно да ве дотолчи. Тоа никако не ви треба.
Риби
Доколку се занимавате со креативна работа, поточно со уметност, ќе имате сила и имагинација да ги решите многубројните проблеми. Во спротивно, можни се губитоци од материјална природа. Ви недостасува отпорност и жилавост, упорност, па фантазиите во врска со некое патување се моментално решение.