Србија ќе соработува со Хаг само во интерес на обвинетите

Србија нема целосно да ја прекине соработката со Хашкиот трибунал, туку ќе соработува само во онаа мера колку што тоа е во полза на српските државјани кои се обвинети пред овој суд.

Ова во петокот српскиот министер за правосудство и државна управа Никола Селаковиќ, кој како што пренесува Радиотелевизија Србија (РТС) појаснува дека соработката значи дека е потребно максимално да им се помогне на српските државјани обвинети на Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства сторени на територијата на поранешната СФРЈ и најави своја скорешна посета на Хаг.
Коментирајќи ја одлуката на Хашкиот трибунал од четвртокот да ги ослободи од сите обвиненија за воени злосторства поранешниот воен командант на Ослободителната војска на Косово и поранешен косовски премиер Рамуш Харадинај, и уште двајца негови соработници, Селаковиќ истакна дека таа ослободителна пресуда нема да придонесе за „добра клима меѓу Албанците и Србите“.
„Не може да ми кажете дека Харадинај заедно со неговите соработници е апсолутно невин, а дека Небојша Павковиќ, Владимир Лазаревиќ, Никола Шајиновиќ и Драгољуб Ојданиќ се виновни, кои се осудени на 22 односно на 15 години тешка робија“, изјави Селаковиќ.
Напомнувајќи дека „силата е многу поважна од правдата“, српскиот министер за правосудство во емисијата на РТС оцени дека „тоа се мерилата на Хашкиот трибунал со кои Србија треба да се соочи“.

Макфакс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: