Грчки војници го напуштија Авганистан

Грчкото министерство за одбрана го заврши повлекувањето на своите војници од Авганистан, главниот град Кабул го напуштиле сите припадници на баталјонот од специјалниот состав (TESAF), повлекувајќи ги со себе сите материјално-технички средства, соопшти министерството во петокот.

Со ова заврши мисијата на грчки сили во Авганистан, која започна на 17-ти февруари 2002 година.
Во соопштението на грчкото министерство за одбрана се вели дека повлекувањето на војските е поради намалувањето на воениот буџет и заштедите на трошоците. Во 2011 година, за одржување на воената мисија во Кабул биле потрошени 6,8 милиони евра, а во 2010 година – 7,7 милиони евра, се додава во соопштението што го пренесуваат грчките медиуми.
Од 2002 година, во Авганистан, како дел од 33 мисии престојувале 3.295 грчки војници, во ротации коишто траеле од три до шест месеци. Грчките војници беа ангажирани претежно на градежни проекти – реконструкција на инфраструктурата на главниот град Кабул и на тамошниот аеродром, во обуката на авганистанските војници, доставување на хуманитарна помош. Тие, исто така, беа задолжени за функционирање на работа 299 мобилни хируршки болница.
Во моментов во Авганистан се присутни седум грчки пилоти инструктори коишто ги обучуваат авганистанските колеги за управување на воено транспортните авион од типот „Spartan C-27J“.

Макфакс
 

Пронајдете не на следниве мрежи: