Протести во Белград, запалени знамињата на САД, ЕУ, НАТО и Косово

Протестирајќи против ослободителната пресуда во Хаг за Рамуш Харадинај, функционери, припадници и приврзаници на Српската радикална партија (СРС) на хашкиот обвинете Воислав Шешељ во петокот во Белград ги запалија знамињата на САД, Европската унија, НАТО и Косово.

Притоа радикалите го обвинија за предавство поранешниот потпретседател на партијата а дека српски претседател Томислав Николиќ и лидер на владејачката српска народна партија (СНС) и побараа негова оставка.
Протестот на кој учествувале стотици луѓе организаторите сакале да го одржат пред зградата во којашто е сместена канцеларијата на српскиот претседател, но во тоа биле спречени од силни полициски единици.
Радикалите го повикаа Николиќ да поднесе оставка поради „предавничката политика“, а Меѓународниот суд за воени злосторства сторени на поранешните југословенски простори во Хаг го обвинија дека „го избра новиот премиер на Косово Рамуш Харадинај“.
„Хашкиот трибунал и неговите судии се извршителите на а налогот, како куче кое каса и затоа не треба да се лутиме на Трибуналот, туку на неговите налогодавачи, САД, ЕУ, Германија, Франција, НАТО и другите наши непријатели“, изјави функционерот на СРС, Немања Шаровиќ.
Како „монструозна“ ја оцени изјавата на својот до неодамнешен партиски потпретседател Александар Вучиќ, актуелен српски вицепремиер и министер за одбрана од партијата на претседателот Николиќ, дека Србија нема да преживее без Европската унија.
„Така не зборуваше ниту Хитлер – ЕУ или смрт. Постои алтернатива и тоа е Русија, латиноамериканските земји и традиционалните пријатели на Србија“, истакна функционерот на СРС.
Шаровиќ објасни дека демонстрантите ги палат знамињата на САД, ЕУ и НАТО „бидејќи не се плашат од нив, ниту од нивните слуги кои се на власт и во претседателството на Србија“, алудирајќи на претседателот Томислав Николиќ.
„Николиќ, ти си беден предавник, а претседател на сите слободни Срби е Воислав Шешељ. Сега Србија нема да преживее доколку на власт остане предавничкиот режим на Николиќ, Дачиќ и Вучиќ. “Николиќ, поднеси си оставка, бидејќи си предавник во рацете на Западот“, рече на собирот функционерката на српските радикали Наташа Јовановиќ, додека нејзиниот сопартиец Милорад Мирчиќ изјави дека „Николиќ е најголемиот предавник од кога постои српскиот род, бидејќи го предаде Воислав Шешељ“.
Веднаш потоа владејачката Српска напредна партија (СНС) најостро ги осуди протестите на радикалите квалификувајќи ги како „безумни и штетни испади на малубројни претставници на Српската радикална партија“.
„Овој дивјачки, простачки, примитивен настап на радикалите зборува за нив самите, ситни профитери коишто го користат овој чувствителен момент за напад врз претставниците на државата, поради своите длабоки политички комплекси. За жал, радикалите немаат ништо друго да и’ понудат на Србија, освен на улиците вандалски да палат знамиња на ЕУ и САД“, се наведува во соопштението на СНС на Николиќ.
За СНС нарекувањето на претседателот на државата и на владата со погрдни имиња претставува обид за натамошно дестабилизирање на земјата и нанесување нова болка на српските граѓани.
„Српската напредна партија им дава безрезервна поддршка на сите државни органи, владата на Србија и на претседателот Томислав Николиќ кои заедно и достоинствено ги бранат државните и национални интереси на Србија“, се додава во соопштението на српските „напредњаци“.
Ги повикуваа сите граѓани на Србија на единство во моментите кога „целата нација е во шок поради пристрасноста и политичките пресуди на Хашкиот трибунал и лесното минување преку српските жртви“.

Макфакс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: