Секој крај на една емотивна врска е тежок и болен и за двете страни. Некогаш можеме да го предвидиме, некогаш не. Како и да се случи, ниеден крај на една љубовна врска неможе да донесе ништо добра за двата партнера, но запомнете секогаш по дождот, доаѓа сонце за вас.
Бидејќи секој од нас е свет сам за себе, секој на различен начин ќе се справи со тоа, некој би паднал во голема депресија, некој едноставно ќе го продолжи својот живот, но никој неможе веднаш да почне од почеток.
Во една врска, ние вложуваме време, емоции, енергија, па затоа не ни е едноствано да кажеме, да сега е крај. По кои постапки и манири на вашиот партнер, ќе дознаете дека се ближи крајот на вашата врска?
1. Се помалку разговарате меѓу себе, не си споделува важни моменти од вашите животи, професија, желби, стравови.
2. Мислите дека ве изневерува, се почесто го слушате дека се затвора во соба и тајно разговара.
3. Се претворивте во полицаец во вашиот дом, му проверувате по работите.
4.Жената, вашата партнерка, се почесто наоѓа изговор да излезе сама со нејзините пријателки.
5. Немате повеќе доверба како порано еден во друг.
6. Ве иритира секоја негова- нејзина постапка.
7. Долго време несакате да имате интимни моменти.
8. Не ви е грижа за него, рамнодушни сте.
9. Тој повеќе не ви посветува внимание, како порано.
10. Не памтите од кога не сте имале заеднички романтичен викенд.
Пронајдете не на следниве мрежи: