Во Албанија, во периодот јануари – ноември 2012 година, регистрирани се 70 нови лица носители на вирусот на „чумата на 20-от век“, додека вкупниот број заболени од оваа подмолна болест изнесува 555 лица.
Оваа информација во петокот ја соопшти министерот за здравство на Албанија, Вангел Таво, во пресрет на 1-ви декември, светскиот Ден на борбата против СИДА-та .
Според албанскиот министер за здравство, 30 проценти од заболените се жени, додека 4 отсто се деца. Моментално во болницата „Мајка Тереза“ во Тирана, под редовен надзор се 220 заболени.
Министерот Таво напомна дека најголемиот проблем во Албанија е доцното откривање на заболените од ХИВ/СИДА.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: