Антиќ победи со Олимпијакос, Мекелјеб поразен со Фенербахче

Половичен учинок на македонските интернационалци, во последните натпревари од осмото коло во Евролигата.

Перо Антиќ со Олимпијакос забележа победа во Каунас над Жалгирис со 77:63, додека Лестер Бо Мекејлеб со Фенербахче е поразен во Мадрид од Реал со 77:61.

Антиќ во победата над Жалгирис учествуваше со 5 поени и по еден скок и асистенција, додека Мекејлеб во поразот од Реал имаше учинок од 10 поени и по еден скок и асистенција.

Олимпијакос на две кола до крајот веќе обезбеди пласман во Топ 16 фазата, каде својот пласман во последните две кола ќе треба да го потврди и Фенербахче.

Група А: Реал-Фенербахче 77:61

Група Б: Монтепаски-Уникаха 91:72

Група Ц: Жалгирис-Олимпијакос 63:77

Група Д: Бешикташ-Барселона 48:78.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: