Поранешниот фронтмен на англискиот бенд Busted, Чарли Сипмсон влезе во Гинисовата книга на рекордите одржувајќи концерт на најстуденото место на светот, објави Sky News.
За овој помалку бизарен потфат Чарли Симпсон отпатува во изолираното сибирско село Ојмјакон, најстуденото постојано населено места на планетата Земја. Тамошните екстремно ниски температури дозволуваат престој на отворено само на неколку минути.
Симпсон го прифати предизвикот и пред неколку од локалното население на акустична гитара свирел непрекинато околу 15 минути. Температурата во текот на концертот изнесувала минус 30 Целзиусови степени.
Чарсли Симпсон кој со својата екипа до селото патувал цели четири дена, изјави за Sky News дека ова му било најболното искуство во животот. Како награда за неговиот потфат, Гинис потврди дека влегол во книгата на рекорди.
Селото Ојмјакон се наоѓа на истокот од руската губернија Јакутија. Според некои податоци, во него живеат 470 жители. Во 1924 година во селото била регистрирана рекордно ниската температура за населено место на планетата од минус 71,2 Целзиусови степени.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: