„Воена состојба“ во Љубљана- 26 повредени, над 30 уапсени

Најмалку 26 лица се уапсени, а 30 повредени на протестите во Љубљана, каде дојде до судирот помеѓу полицијата и демонстрантите, кои фрлаа се што ќе им дојдеше во рака.

Меѓу повредените има 15 полицајци и 11 демонстранти, додека над 30 демонстранти биле уапсени. Колатерална штета на судите биле и новинари, сниматели и фоторепортери.
Протестот започна мирно,   но група од десетина хулигани упорно се обидувала да предизвика нереди, по што полицијата реагирала со солзавец и водени топови, а во акцијата биле вклучени и хеликоптери.
Протестите беа организирани ширум Словенија преку социјалната мрежа Facebook, но до нереди дошло само во главниот град, каде се собрале над 10.000 лица.
Словенечкиот премиер Јанез Јанша предупреди дека државата може да тргне кон „грчко сценарио“, доколку продолжат уличните протести со елементи на насилство.
„Словенија поради кризата веќе е потопени со бензин, и доволно е само едно чкорче да се запали“, изјави Јанша.
За сега се уште не е сосема јасно кои се всушност барањата на револтираните словенечки граѓани, со оглед дека нивниот пароли се насочени против сите политички опции во Словенија, против сите политичари, банкари, тајкуни, адвокати и судии.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: