Легендарни филмски улоги одбиени од ледендарни глумци

Понекогаш и искусните филмски ѕвезди знаат да згрешат и да одберат погрешна улога за нив. Но тоа веројатно и не е толку тешко, колку што е пропуштањето на одлична шанса. Еве кои холивудски звучни имиња испуштиле шанса да бидат дел од уште позвучни филмови. 

 

Шон Конери во Lord of the Rings и The Matrix

Легендарниот Џејмс Бонд изгледа дека нема добар “нос”за улоги. Тој одби две легендарни улоги. Улогата на волшебникот Гандалф во Господар на прстените му беше понудена прво нему, но тој ја одбил со објанувањето дека не би можел да издржи да снима филм 18 месеци (колку што и траеше снимањето на оваа трилогија). Конери ја одби и улогата на Морфеус во филмот Матрикс, бидејќи не го разбрал сценариото ни концептот на филмот. Каква грешка на овој брилијантен актер!

 

Том Селек во Индијана Џонс
Том Селек помина на аудицијата на Стивен Спилберг за улогата на легендарниот археолог Индијана Џонс, но не можеше да ја прифати улогата поради тогашните негови обврски кон серијата Magnum P.I.Така, Харисон Форд, вториот избор на режисерот го креираше еден од најпрепознатливите ликови во филмската историја.

 

Брат Рејнолд во Војна на Ѕвездите

Барт Рејнолдс ја одби улогата на Хан Соло во филмот Војна на Ѕвездите. Но тој не е едниствен актер од А листата кој ја одби оваа улога. Таа им беше понудена и на Ал Пачино, Ник Нолти и Кристофер Вокен, но на крај заврши во рацете на Харисон Форд.

 

 

Анет Бенинг – Враќањето на Бетмен

Улогата на жената мачка во Бетмен, првично беше доделена на Анет Бенинг. Но таа морала да ја одбие во последен момент, бидејќи останала бремена во тој период. Со овој чин, режисерот бил повеќе од сигурен дека Мишел Фајфер била најдобриот втор избор.

 

Вил Смит – Матрикс

Вил Смит како и Ијан Мекрегор ја одбија улогата на Нео во Матрикс, со објаснување дека едноставно не се гледаат себе си во таа улога. И мораме да признаеме дека биле во право, бидејќи од денешна гледна точка, никој не можеше да го долови Нео подобро од Кијану Ривс.

 

Ралф Мачио во Враќање во иднината

Ралф направи голема грешка со тоа што ја одби оваа улога, бидејќи по учеството во Карате кид, неговата кариера само одеше во надолна линија. Оваа улога ја одби и Ерик Столз, и со тоа Мајкл Џ Фокс стана миленик на американската филмска публика.

 

Кери Грант во Џејмс Бонд

Иако од денешна перспектива, Конери е можеби и најдобриот Џејмс Бонд, оваа улога прво му била понудена на Кери Грант. Дури откако тој ја одбил, Конери ја доби во своите раце. 

Пронајдете не на следниве мрежи: