Вид риба го доби името по американскиот претседател Обама

Зоолози по американскиот претседател Барак Обама именуваа неодамна откриен вид мали слатководни риби, пишува во петокот весникот Guardian.

Ова не е првпат името на актуелниот претседател на САД, да се употреби за именување на некои појави или објекти. Така, во 2008 година, во чест на Барак Обама беше преименувана планината Боги, највисоката точка во Антигва и Барбуда. Една година подоцна, Обама се појави на полиците во кујните во форма на романски кроасани со чоколада, а пурите „Обама“ од Никарагва ја надминаа рекордната продажба, откако се појавија на пазарот во САД каде што секој месец се продаваат повеќе од 10 илјади парчиња од овие пури.
Сега зоолозите Стив Лејман и Рик Мејден на светот му го претставија новиот вид риба – Etheostoma obama. Машкиoт примерок од овој вид слатководна риба достигнува должина од најмногу пет сантиметри, но нивниот егзотичен изглед восхитува. Рибините крлушки се прелеваат во сите нијанси на сината и портокаловата боја, пониските полукружни перки се украсени во бледо сино, а на врвот со светло портокалова лента на сина заднина. Остатокот од телото и опашката се покриени со мали сини и портокалови дамки. Главата, исто така, е во две бои, „лицето“ е темно а жабрените капаци се сини.
Претходно, само три претседатела на САД ја имаа истата чест како Обама, да добијат свој „именик“ меѓу американските видови риби. Така, може да се најдат примероците именувани според Бил Клинтон, Џими Картер и Теодор Рузвелт. Според зоолозите, тие на овој начин им се заблагодаруваат на овие личности за нивниот придонес во заштитата на животната средина. Единствениот американски потпретседател, со чие име е именуван вид риба засега е Ал Гор.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: