Комити:”Повикуваме на обединување на Македонските навивачки групи!!!“

Навивачката група на „Комити“ повика на обединување на Македонските навивачки групи под паролата „Послушајте патриоти“.

„Пулс24“ во целост ви го прикажува соопштението од „Комити“…

„Навивачко Обединување. Послушајте патриоти..“

„По настаните коишто се случија во нашата држава минатиот месец ние навивачката група Комити прогласуваме еднострано дека на натпреварите кои што ги игра нашиот клуб во било кое натпреварување ќе ги смениме критериумите на навивање.
Имено против секој македонски клуб повеќе нема да практикуваме негативно скандирање на било која основа. Најстрого забрануваме нашите членови да напаѓаат физички или вербално други навивачи Македонци без разлика дали на натпревар или надвор. Мотивирани од помислата за обединување, прогласуваме дека ќе ја закопаме непријателската секира. Да направиме примирје кое ќе биде само почетен основ за понатамошна соработка, бидејќи нашата држава е над се, и секое ривалство мора да се згасне доколку сакаме понатамошна соработка. Ги повикуваме сите навивачки групи да не известат доколку имаат било какви идеи во кои ние секако би се приклучиле, да го надминеме егото и ривалството и да почнеме да гледаме за една поголема цел. Нека ова биде само прелиминарна согласност за сите навивачки групи да покажат иницијатива за обединување. Како прва акција предлагаме овој викенд да се извади парола “Послушајте патриоти” на црвена позадина со жолти букви која што ќе стои на оградата на сите трибини, а ќе биде попратена со истоимената песна. Ние ја поддржуваме секоја иницијатива, така што ќе ја поддржиме и идејата на Фемили Аеродром и ќе понесеме Македонски знамиња на нашата трибина во Недела.
ПОВИК ДО СИТЕ!
Ова нека биде само почеток на нашиот глас !
Од мали идеи до големи чекори!
ВО НАПАД ВО НАПАД ЗА МАКЕДОНИЈА и ПРЕДАВНИЦИТЕ ПАТАТ !!“

Пронајдете не на следниве мрежи: