Попис: Во Србија живеат 185 вонземјани и 640 Џедаи

 

Кога слаткиот E.T. во истоимениот филм посака да си оди дома, веројатно на крај на памет не му било дека неговата дома всушност е нашиот северен сосед.

 

Според последниот попис направен во соседна Србија, на нејзината територија живеат 185 вонземјани.

На нив им прават друштво 5312 Џедаи, Индијанци, Штрумфови, Марсовци, вили, домородци, гусари и пингвини, пренесува српски курир.

Од овие малцинста, најмногубројно е џедајското, до дури 640 жители. Марсовци и марсовики има 268.

Некои од нив се изјаснија како магариња, принцеви, телетабиси, вампири и змејови, а имаше и ѕвездаши и гробари.

 

Инаку во Србија живеат 5.988.150 жители, а вкупниот број на жители е 7.186.826.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: