Без малку размислување впуштете се во зимските љубовни авантури.Забавувајте и посветете се на својот партнер. Уживајте гледајќи телевизија, но и нежно мазете се. Ви предлагаме татктики од стручњаците како да водите љубов како никогаш порано. Задоволете се себеси и вашиот сакан.
Бидете нежни, но понекогаш преминете ги границите.
Загрејте го со помош на вашиот здив!
Како делува: Ако му ја подигнете температурата на вистинските места, неговото тело ќе биде спремно за мазење и повеќе ќе се запали за секс – од топлината брзо циркулира крвта, па кожата станува приемчиво за допири.
Прв чекор:Почнете да го бакнувате, па застанете со усните над неговата кожа и лесно дувнете. Потоа со усните нежно преминете преку деловите на телото за кои знаете дека се чувствителни (врат, стомак). Кога ќе се приближите кон најинтимните делови, ќе се избезуми.
Втор чекор:Сипете часа топла вода и ставете ја на масичката. Пред предиграта отпијте голтка вода, но немојте веднаш да ја голтнете – целта е усните да ви станат меки за бакнување. Затоа отпијте мала голтка, а водата задржете ја во уста и страстно бакнете го саканиот. Постои уште нешто што сигурно ќе му ја дигне температурата: лубрикант кој го загрева телото. Земете малку лубрикант и лесно протријте го меѓу дланките. После тоа нежно измасирајте ги интимните делови на партнерот.
Играјте грубо!
Како делува: Мажите сакаат агресивност во креветот. Тоа ја зголемува страста и потврдува дека навистина се палите. Една од најчестите машки фантазии е старствен, див секс.
Прв чекор: Тргнете во акција со зборовите „мораш да бидеш мој веднаш“, зграбете го со усните и повлечете го за коса. Ако му нанесете малку болка, не смета, фраерите страшно ги пали кога жената ќе превземе иницијатива.
Втор чекор: После две рунди, пробајте со масирање. Соборете го на кревет, и жестоко нападнете го со рацете, забијте му нокти во грб и шепнете му колку ве возбудува. Многу жени мислат дека машките гениталии се чувствителни како и нивните, па жените ги допираат нежно. Погрешно! Можете да бидете здивени дури и во мисионерска поза.
Наежете го!
Како делува: Задоволството ќе биде неограничено ако тргнете полека, со сензуални допири, а секој пат кога ќе осетите дека доволно се возбудил, на момент прекинете ја играта. Исчекувањето на главниот чин уште повеќе ќе ја распламени желбата, па оргазмот ќе биде поинтензивен.
Прв чекор: Тој знае дека кога-тогаш ќе завршите „долу“ – но незнае ни кога ни како и тоа исчекување страстно пали. Фраерите сакаат кога сте непредвидливи во сексот. Немојте да брзате, исчекувањето нека трае што подолго.
Втор чекор: Избегнувајте ги стандардните рути и непрекинато менувајте ги патиштата. Мажите сакаат кога со брадавиците им кружите по градите. Ако имате долга коса, распуштете ја и милувајте го по цело тело.
Пронајдете не на следниве мрежи: