“Најдобрите” моменти на Силвио Берлускони

Loading...

Силвио Берлускони, екс-премиерот на Италија, а кај нас за многумина познат и како сопственикот на фудбалскиот клуб Милан, отсекогаш бил преполн со гафови кои ја забавувале јавноста. Понекогаш неговото однесување се сметало за недолично на неговата функција (а и на неговата возраст), но се чини дека Берлускони нема намера да се менува. 

 

 

– Коментирајќи ја состојбата во економијата, Берлускони изјави дека „да се живее во Италија, значи да се живее во просперитетна земја во која не се чувствува кризата“.

– Во октомври Берлускони предложи неговата партија „Народ на слободата“ да се преименува во „Напред мачиња“.

– Во еден од прислушкуваните разговори, тој се фали дека „морал да одбие многу од младите жени кои чекале пред неговата врата, затоа што во една вечер можел да одработи само по осум“.

– На еден собир на моторциклисти во Милано, во ноември минатата година, Берлускони изјави дека „понекогаш му се случувало да се загледа во лицето на некоја убава девојка“ и дека „тоа е поубаво отколку да се биде хомосексуалец“.

– Изјава која ја потресе италијанската јавност даде и во април 2009. година кога при посетата на преживеаните од земјотресот кои беа сместени под шатори тој изјави – „На ова треба да гледате како на викенд поминат во камп“.

– Берлускони новоизбраниот американски претседател Барак Обама во ноември 2008. година го нарече „млад, згоден и исунчан“.

– Познат беше и по тоа што се нарекуваше „Исус на политиката“. Зборуваше и дека „само Наполеон можел да направи повеќе од Него, но дека тој бил повисок“.

– Берлускони ќе остане познат и по изјавата за Мусолини за кого кажа дека никого не убил, туку само „ги испраќал луѓето во ропство“.

– За време на снимањето на групната фотографија на неформалниот самит на ЕУ во Шпанија во февруари 2002. година, Берлускони постави два прста над главата на шпанскиот министер за надворешни работи Жозеф Пике.

– Берлускони пред 10 години го навлече на себе гневот на муслиманите кога изјави дека Западот треба да биде свесен за својата супериорност. Тој додаде дека на Западот постои систем на вредности кои на луѓето им нудат просперитет и ги гарантираат човечките права, додека „такво почитување не постои во исламските земји”.

 

loading...