Шевченко станува политичар

 

Уште едно големо име на украинскиот спорт одлучи да се занимава со политика. По светскиот шампион во бокс, Витали Кличко и Шевченко објави дека ја завршува својата фудбалска кариера за да стане политичар.

Тој ќе и се приклучи на партијата “Напред Украина”.  “Се надевам дека ќе ја добијам вашата подршка, Напред Украина е партија на иднината, партија на млади лидери”- изјави Шевченко.

Избори на партијата откриваат дека Шевченко високо ке котира на пратеничката листа за парламентарните избори, кој се закажани за во октомври оваа година.

Пронајдете не на следниве мрежи: