“Мона Лиза” на Леонардо Да Винчи претставува едно од најпознатите и најмистериозните уметнички дела на сите времиња. Како што му успеало тоа со многу други дела, Леонардо Да Винчи успеал да го маѓепса светот со оваа слика, каде погледот на Мона Лиза буди чувство на мистерија и кај најголемите скептици.
Но, дали некој обрнал внимание на нешто повеќе од самиот лик на оваа мистериозна жена? Историчарка од Италија по име Карла Глори и нејзиниот колега Силван Винсенти велат дека го откриле местото каде што е сликана Мона Лиза. Тие препознале мост на сликата кој всушност се наоѓа кај денешното село Бобио. На сликата под мостот се обележани броевите 7 и 2, а Винсенти нашол симболика во ова бидејќи споменатиот мост настрадал во поплава во 1472 година.
Мона Лиза е создадена меѓу 1503 и 1506 година, но мистериите скриени во ова дело сеуште не се разрешени. Дали можеби ова откритие ќе ни помогне да дојдеме до откривање на уште еден од “кодовите на Да Винчи”. Се разбира, се надеваме само дека навистина постои мистерија и дека Да Винчи навистина бил толку генијален.
Пронајдете не на следниве мрежи: