Земан: Рома е конкуренција на сите

Тренерот на екипата на Рома, Зденек Земан не беше воопшто изненаден со двете победи по ред на својот тим во Серија „А“ лигата,  бидејќи верува дека неговите играчи имаат висок потенцијал.

Во пресрет на мечот со Сиена, Земан истакна дека е задоволен со тоа како неговите избраници играат, дека на почетокот имале одредени потешкотии, но дека во моментов сите проблеми се решени и екипата функционира како вистински тим.

„Мојот тим од почетокот на сезоната се обиде да игра одреден вид на фудбал и од секогаш сум бил задоволен со настапите. Точно е дека моите момци од почетокот тешко се навикнуваа на тактичките замисли, но мислам дека сега ги собираме плодовите од напорната работа. Примаме малку голови и не му дозволуваме на противникот да дојде до голем број шанси“ изјави Земан.

Пронајдете не на следниве мрежи: