Златан Ибрахимовиќ според пишувањата на француските медиуми направил циркус во соблекувалната на ПСЖ на полувремето од мечот со Троја.
Златан Ибрахимовиќ е тежок соиграч, на многумина им дојде подобро неговото заминување од тимот на Милан, а најдобар пример за тоа е Ел Шарави.
И во Париз, швеѓанецот има свои моменти, а еден од многуте се случи токму на натпреварот со Троја. Париз Сент Жермен водеше со 1-0 на полувремето, но играа премногу лошо.
„Ибрахимовиќ викаше во соблекувалната, не навредуваше, на еден од соиграчите му кажа дека неговиот син е подобар играч, дека би бил покорисен за екипата“ изјави за француските медиуми одреден „инсајдер“ од соблекувалната на ПСЖ.
Дали поради критиките, или нешто друго, тимот на ПСЖ одигра многу подобро во вториот дел и славеше со високи 4-0 над послабиот ривал.
Пронајдете не на следниве мрежи: