Автобусот отиде без Кристиано Роналдо

Мурињо нема попуст за никој играч, а доцнењето на петторицата играчи предводени од првата ѕвезда на тимот не беше баш добар вовед во мадридското дерби.

Тргнувањето во карантина пред дуелот со Атлетико Мадрид беше закажан за 20,45 часот во Бернабе, меѓутоа отиде само со 14 играчи.

Кристиано Роналдо, Арбелоа, Кака, Фабио Коентрао и Пепе задоцнија поради метежот во сообраќајот.

Мурињо не сакаше да чека, па автобусот отиде со 14 фудбалери во хотелот. Фудбалерите се снајдоа, тие петторица со автомобилот на Арбелоа успеаа да стигнат до карантинот.

Ќе видиме како ќе реагира Мурињо, веројатно санкции ќе има, и тоа би требало да се случи веднаш по дерби-мечот, Реал вечерва го дочекува тимот на Атлетико Мадрид, кој има осум бодови повеќе на табелата.

Пронајдете не на следниве мрежи: