Медицински феномен во Србија – затруднела на 60 години

Деновиве во Србија се рашири веста за новиот медицински феномен.

Имено, шеесет годишната Љ.М. од Смедерево е најстарата трудница во Србија, а за два месеци ќе стане и најстарата родилка.Таа останала бремена со помош на донација на јајце клетки. 

 

Оваа операција била изведена во Чешка, бидејќи во Србија се уште не е дозволена со закон. Новата мајка по професија е стоматолог, и има приватна ординација во Смедерево.

 

Живее со својот 13 години помлад партнер од Шпанија и се обидува да ја заврши специјализацијата во Белград.

 

“Операцијата е тешка и ризична. Постојат специјализирани клиники што се бават токму со ваков тип на интервенции. Најчесто се применува кај жени кај кои веќе настапила менопаузата. треба да се знае дека ова не се билошки деца бидејќи јајце клетките се донирани. Ризик има и при породувањето, односно колку е мајката постара, толку е поголем ризикот” – изјави еден локален доктор, пријател на жената.

 

И честитаме на новата мајка за овој храбар потег и и посакуваме многу среќа.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: