Најдобрите филмови за СИДА-та

Иако целта на најголемиот дел од филмовите првенствено е да ги забавува луѓето, постојат и такви филмови кои можат да променат нечиј живот. Во нив секако спаѓаат и филмови кои денес, на светскиот ден на борбата против СИДА-та, ви ги претставуваме. Филмовите кои се занимаваат токму со оваа тематика влијаеле на многу животи и така се запишале меѓу најзначајните остварувања на својот жанр. 

 

 

1. Longime Companion

Станува збор за првиот игран филм кој се бави со епидемијата на СИДА-та. Сценаристот Крег Лукас и режисерот Норман Рин ја ставаат болеста во историски контекст, анализирајќи го нејзиното влијание низ серија слики од 7 хомосексуалци меѓу кои се и поранешниот геј пар Вили и Џон. 

 

2. Philadelphia

Секако еден од најпознатите филмови на овој список, кој на Том Хенкс му донесе Оскар. Хенкс го игра ликот на Ендру Бекет, кој работи за една од најпознатите правни фирми во Филаделфија. Фирмата го вработува не знаејќи дека тој е хомосексуалец, односно дека болува од СИДА. По некое врмее знаците на болеста стануваат физички видливи, па довчерашните колеги на чело со конзервативниот упрвник на фирмата сакаат да се ослободат од него. Филмот инаку е инспириран од вистински настан од 1987 година, кога адвокатот Џефри Боус ја тужи фирмата “Baker & McKenzie” за дискриминација и отказ кој го добил поради тоа што имал СИДА. 

 

3. Kids

Многумина за овој филм велат дека е најдоброто остварување на режисерот Лари Кларк, и тоа токму поради дозата на реализам која се провлекува низ него. Филмот ја опишува приказната на неколку тинејџери чиј живот се посветува на возење скејтови, слушање инди-рок музика, пиење алкохол и забавување. Во центарот на настаните е скејтбордерот кој заболел од СИДА, па неговата мисија станува да зарази со ХИВ вирусот што повеќе девици. 

 

4. Rent

Оваа драма на Крис Колумбо е адаптација на бродвејскиот мјузикл на Џонатан Ларсон. филмот го следи светот на наркоманите, лезбејките, транссексуалците и останатите неврзани боеми од кои многумина се борат со ХИВ вирусот. Сепак, фокусот на овој филм не е на тажната борба за преживување, туку живеење на животот до самиот максимум, и покрај боледувањето од оваа страшна болест. 

 

5. Angels in America 

Станува збор за адаптација на театарското дело на Тони Кушнер, поделена во мини-серија од два дела. Во конзервативната околина од осумдесеттите години на минатиот век се следат два пара кои имаат проблеми, односно двајца луѓе заразени со СИДА. Во овој филм играат Ал Пачино, Мерил Стрип и Ема Томпсон. 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: