Кралот на древната соединета Кореја Тонгмјонг јавал еднорози, а нивното легло наводно е неодамна откриено покрај храм во Пјонгјанг-престолнината на Северна Кореја. Историчарите на Северна Кореја, соопштија дека археолозите го пронајдоа леглото на овие митски суштества.
Во нивниот извештај се наведува дека најверојатно порано постоеле многу еднорози, и дека нивното легло порано било големо колку нивната престолнина. Храмот каде е пронајдено сегашното легло, служел како палата на кралот Тонгмјонг.
Овие најнови откритија само ги потврдуваат општо познатите факти за историјата на Северна Кореја. Очигледно кралот Тонгмјонг навистина јавал еднорози.
Пронајдете не на следниве мрежи: