Се помалата и поефтината компјутерска сила ја пронаоѓаме во се поразлични предмети, а Нејтан Линдер, студент од MIT верува дека следно такво дело е неговата светилка со проектор и камера која ќе овозможи секоја површина да стане екран чувствителен на допир.
Проектот на кој работи со колегите од MIT е наречен LuminAR, а системот може да препознае кога и каде се наоѓа прстот или раката на сликата која е проектирана. Опишан е како систем на проширена реалност, како наочарите или апликациите за мобилен телефон, затоа што на одреден предмет му се дава потполно нова функција.
Малиот систем со камера, проектор и софтвер кој проектира слики, се поврзува на интернет преку секојдневна Wi-Fi врска. ТОа му е потребно затоа што некои функции, на пример препознавањето на објектите, системот го врши на интернет.
Линдер вели дека сите можни употреби на овој систем го прават многу среќен. Тој верува дека ова може да се искористи во сите креативни професии. Тој самиот го тестирал овој уред и за видео повици (на пример на Skype), само што сликата од повикувачот се проектирала на ѕид.
Прототипот на овој уред користи процесор Qualcom кој може да се најде и во мобилни телефони, а научниците експериментираат со разни верзии на оперативни системи. Во моментов работат само на верзија која може да работи со било каква светилка.
LuminAR Demos from Fluid Interfaces on Vimeo.
Пронајдете не на следниве мрежи: