На веб-сајтот на британската влада се појавил оглас во кој се вели дека тајната служба MI6 бара личност за работа како таен агент со “дозвола за убивање”. Огласот, за кој подоцна било изјавено дека е лажен, е поставен на официјалниот сајт на владата на Британија и на страницата на Министерството за Работа и Пензија.
Во него пишувало дека се бара”специјалец за елиминирање на мети”, затоа што владата од време на време има “потреба да оттргне одредени луѓе чие постоење претставува закана за мирното функционирање на општеството.”
Од потенцијалните кандидати се барало да бидат снаодливи во “пронаоѓањето начини да ги исполнат своите мисии, како и да бидат подготвени во некои ситуации да напуштат странски земји на неконвенционални начини.”
На избраниот кандидат требало да му биде обезбедена посебна опрема како специјални саати, мини подморници и специјални пиштоли.
Понудена е плата од 50.000 до 60.000 фунти, но и бонуси кои следат после успешното извршување на секоја задача. Во огласот пишувало и дека “огласот е наменет за оние кои сакаат суво мартини, како и Бонд”.
Портпаролката на MI6 изјавила дека британската влада не сака да регрутира убиец, дека огласот е лажен и дека не е познато кој го поставил.
Огласот брзо бил отстранет.
Пронајдете не на следниве мрежи: