Околу 20 000 навивачи на Атлетико Мадрид дојде на тренингот утрово на клубот и со тоа им ја дадоа поддршката на своите фудбалери пред градското дерби со Реал.
Атлетико и Реал се среќаваат вечерва со почеток од 22 часот на стадионот „Сантијаго Бернабе“ во натпреварот од 14-тото коло од Шпанската Примера Дивизија, или популарната „Ла Лига“.
Атлетико Мадрид после многу години се наоѓа пред Реал Мадрид на табелата, а ќе се обиде да го порази градскиот ривал прв пат после 1999-тата година.
Навивачите на Атлетико, околу 20 000, утрово се појавија на трибините на „Калдерон“ каде Диего Симеоне одржа тренинг пред мечот со Реал.
Пронајдете не на следниве мрежи: