Фергусон пишува белешки за Озил

Се погласни се шпекулациите низ медиумите дека фудбалерот на Реал Мадрид наскоро ќе се пресели во екипата на Манчестер Јунајтед.

Озил добива се помала минутажа кај Жозе Мурињо, па така овие шпекулации добиваат на се поголема димензија.

Од доаѓањето на Лука Модриќ на „Сантијаго Бернабе“, германецот добива се помала минутажа во тимот.

Озил веќе уште во јануарскиот преоден трансфер-период би можел да се пресели во англиската премиер лига, односно во тимот на Манчестер Јунајтед.

Фергусон будно ги прати сиве овие настани и би можел наскоро да го тестира Мурињо со понуда од 20 милиони фунти кои би ги понудил за ангажман на Озил.

Пронајдете не на следниве мрежи: