Во Париз е отворена џамија за геј муслимани

Во предградие на Париз е отворена првата џамија за припадниците на муслиманските хомосексуалци, во која од денес ќе може да се молат и транвестити, трансексуалци и жени. Имено тоа е првата инклузивна џамија во Европа.

 

Оваа атипична џамија е отворена во куќата на будистичкиот монах Федерик Жока Прокопиј, кој е хомосексуалец и борец за правата на ЛГБТ популација, додека авторот на оваа идеја е муслиманскиот хомосексуалец Лудовик Мохамед Захед. 

 

Тој очекува дека на првата молитва во новата џамија ќе се појават околу 20 муслимани, но се надева дека нивниот број со текот на време ќе се зголеми. Захед секој петок ја посетувал париската Голема џамија, каде се молел со уште илјадници други верници, но тој вели дека иако се огромна маса, во верскиот храм поедини личности секогаш се издвојувале (геј, трансексуалци, травестити и сл.), а останатите луѓе нив ги избегнувале.

 

Токму затоа тој се одлучил да ја направи оваа ''оаза'' за сите оние кои не се чувствуваат пријатно на традиционалните култни места, а неговата иницијатива не доби подршка од ниту една муслиманска институција. 

 

Тој смета дека муслиманите не треба да се чувствуваат засрамено. Хомосексуалноста никаде не се осудува, ниту во Куранот. Захед сонува да успее да издејствува смирена реформа во исламот. 

 

Вакви инклузивни џамии постојат и во Јужна Африка, САД и Канада, додека оваа во Париз е првата во Европа. 

Пронајдете не на следниве мрежи: