Пасторе не може со Ибрахимовиќ

Хавиер Пасторе не може да дојде до израз покрај швеѓанецот Ибрахимовиќ, а тоа мислење го дели и Мауро Зампарини.

Аргентинскиот интернационалец во редовите на ПСЖ дојде како големо засилување ланското лето од Палермо, беше најдобар фудбалер во минатата сезона, но како што стојат работите во моментов, неговата борба во ПСЖ би можела да заврши и да се пресели во некоја друга средина.

Претседателот на Палермо, Мауро Зампарини, изјави дека Златан Ибрахимовиќ го „гуши“ Пасторе и дека покрај него квалитетниот аргентинец не може да дојде до полн израз.

„Масимо Морати сакаше да го доведе во Интер, пред да стигне во ПСЖ. Меѓутоа, Леонардо брзо реагираше со понуда која Интер неможеше да парира. Би бил пресреќен доколку се врати во Италија, тој остана приврзан кон Палермо“ изјави Зампарини.

Пронајдете не на следниве мрежи: