Управата на Манчестер Сити наскоро ќе испрати понуда од 18 милиони фунти за ангажман на фудбалерот на Малага, младиот Иско.
Манчестер Сити ќе се обиде да се засили со Иско, фудбалерот на Малага, а тоа според најновите информации би го направил уште во јануарскиот преоден трансфер-период.
Според неофицијалните информации кои ги пренесуваат англиските медиуми, се вели дека наводно Манчестер Сити во јануарскиот преоден трансфер-период ќе испрати солидна понуда од 18 милиони евра за ангажман на Иско.
Сити уште во летниот преоден рок го посакуваше Иско во своите редови, а во клубот сметаат дека тој би бил идеална замена за Азар, за чиј ангажман ја изгубија битката со тимот на Челзи.
Пронајдете не на следниве мрежи: