Трансфер-„БОМБИ“- Ибра во Сити, Левандовски “потпишал“ за Јунајтед

Шведските медиуми, на кои Ибра им е единствената тема, но имаат навистина добри информации, тврдат дека Златан Ибрахимовиќ ќе се пресли во екипата на Манчестер Сити наредното лето, додека пак, од друга страна, се шпекулира дека Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд наводно се договориле за Левандовски.

„Афтонбладет“ секогаш има вистински информации кога станува збор за најдобриот шведски играч, Златан Ибрахимовиќ.

Овој шведски медиум пренесува дека Алекс Фергусон ќе го доведе Левандовски во наредното лето, бидејќи смета дека Левандовски одлично би соработувал со Ван Перси во нападот.

Од друга страна, тимот на Манчестер Сити, како што пренесува шведскиот медиум, во наредното лето би се засилил со Златан Ибрахимович.

Според информациите кои ги пренесува овој медиум, се вели дека случајот со Ибра не е поради парите, туку поради неговото незадоволство во тимот.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.