Италијанската полиција уапси калуѓерка од црковното училиште во Буста Арсиција затоа што 14 години сексуално злоставувала една од ученичките. Злоставувањето започнало кога девојчето имало 12 години, а траело до 2011 година, кога истото пораснало во 26-годишна девојка.
Откако девојката се обесила, полицијата покренала истрага и ги нашла нејзините дневници, кои воделе до злобните дела на калуѓерката. Во нив таа ги опишувала своите застрашувачки искуства, а најдени се дури и неколку фотографии. Овие информации довеле до заклучок дека малтретирањето од страна на калуѓерката довело до самоубиството.
Пронајдете не на следниве мрежи: