Изгледа дека тренерот на Арсенал, французинот Арсен Венгер конечно е решен да се засили вистински во своите редови, откако на тамошните англиски медиуми им откри дека мошне сериозно ќе се фати за работа во јануарскиот трансфер-период.
Арсенал и дефинитивно ќе се засили во јануарскиот трансфер-преоден рок, тоа го потврди тренерот на англискиот премиерлигаш, французинот Арсен Венгер.
„Имаме некои средства кои ќе ги потрошиме на засилувања. Нема да именувам, мораме да бидеме мошне претпазливи и да направиме вистински потези“ вели Венгер.
Меѓутоа, тренерот на Арсенал негира дека конкретно станува збор за Анри.
„Не говорам за него, не знам дали ќе може да дојде и на позајмица, тој е играч кој може да придонесе многу. Но, кога се во прашање засилувања, мораме да бараме некои кои ќе бидат овде на долги патеки“ изјави Арсен Венгер.
Пронајдете не на следниве мрежи: