Нивното име веројатно звучи непознато, но прекрасните планини Вилингјуан во централната кинеска провинција Хунан воодушевуваат со својата спектакуларна убавина и необичен изглед.
Спектакуларната глетка на оваа планина допрва ќе се подобри – кога кинеските градежници ќе го завршат својот најнов проект – изградбата на првиот стаклен мост на светот!
Почетокот на изградбата е закажан за март 2013 година, а изведувачите се надеваат дека ќе успеат да го завршат за помалку од една година.
“Стакло” можеби не е вистинскиот термин за ова, затоа што се работи за посебен вид на овој материјал, дизајниран специјално за кинеската вселенска програма, кој никогаш до сега не е користен во градежништвото.
Мостот ќе биде долг 370 метри, широк 2.3 метри и ќе спојува 2 врвови на планината на висина од дури 400 метри.
Се проценува дека изградбата ќе чини 260 милиони јуани, односно 41.7 милиони долари.
Пронајдете не на следниве мрежи: