Бернард Бекер од Германија, од полициската патрола која го сопрела побарал балон за алко-тест, мислејќи дека е телефон од кој што сакал да се јави на својот адвокат.
Тој бил толку многу пијан па несомнено било дека полицијата ќе го сопре. Во моментот кога го сопреле, извадиле балон за тестирање на алкохол, но тие останале вчудоневидени кога тој ја земал направата и се обидел да телефонира кај својот адвокат.
Полицајците велат дека тој го плеткал јазикот, и инсистирал да му го дадат тој Iphone за да се јави кај својот адвокат. После тоа, не било многу потребно за да се видат резултатите. Малку од трезните луѓе би помешале алко-тест со Iphone.
Бекер едвај прифатил да им го врати ''телефонот'' на полицајците, а потоа е одведен во полициска станица на отрезнување, а воедно го чека и судење за возење во пијана состојба.
Пронајдете не на следниве мрежи: