Се шокираше и почна да плаче кога го виде Дејвид Бекам!

Кристиан Луис и неговата мајка Елејн беа во продавница за спортска облека, кога ги прашаа дали сакаат да се фотографираат како поддршка за Олимписките Игри. 

Toкму во моментот кога се наместија за фотографирање, момчето на својата глава почувствува рака и слушна глас кој го праша дали може да му се придружи. Малиот Кристиан кога се сврте и го виде својот идол остана шокиран и почна да плаче, а потоа беше воодушевен што се запозна со Бекам. „Дејвид е неговиот херој. Беше неверојатно. И јас заплакав“, вели мајката Елејн.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.