Експертите решија – Бред Пит е најдобрата реклама!

Не знаеме зошто некој би се сомневал во тоа, но маркетиншките експерти од куќата Шанел потврдиле – рекламата за парфемот “Chanel No 5” со Бред Пит во главната улога постигнала огромен успех! 

Како што пренесува Коко Перез, една од директорките на куќата изјавила “Откако Бред Пит сними реклама за нас, се зголеми бројот на мажите кои доаѓаат да го купат овој парфем за своите поубави половини. Оваа реклама потполно го промени начинот на кој мажите го гледаат нашиот бренд.”

Се чини дека мажите сепак повеќе му веруваат на Бред Пит отколку на продавачките во парфимериите. 

Пронајдете не на следниве мрежи: