Се вели дека вистинските навивачи на Реал Мадрид сеуште го поддржуваат Мурињо. Како и да е, португалскиот тренер во најавата на градското дерби против Атлетико кажа дека пред почетокот на мечот сам ќе излезе на тревникот на Сантијаго Бернабеу.
“Ми аплаудираат и ми свират, но се е тоа фудбал. Излегувам сам на теренот во 21:20, па оние кои сакаат да свират ќе можат тоа да го направат. Ако сакаат да ме исвиркаат, ќе го прифатам тоа понизно, но после тоа очекувам од навивачите да навиваат за својот Реал Мадрид и да однесат до победа.” – изјави Мурињо.
Ветено-сторено. Мурињо навистина излезе сам на теренот 40 минути пред почетокот на мечот, а фановите на кралскиот клуб беа поделени – некои навистина му свиреа, а други го поддржуваа со разни транспаренти.
Ваквиот потег на Мурињо очигледно вроди со плод, ги мотивираше неговите играчи и Реал Мадрид славеше рутинска победа против Атлетико за да покаже дека сеуште владее со Мадрид.
Пронајдете не на следниве мрежи: