Најдобриот тенисер на сите времиња, Роџер Федерер, им откри на новинарите што е тоа што и понатаму го држи во светот на тенисот на возраст од 31 година и со две тригодишни ќерки.
“Мирка отсекогаш била покрај мене и ми помагала на многу начини. Таа е феноменална сопруга. Кога ја запознав немав ниту една шампионска титула, а денес имам 76! Замислете какво влијание имаше таа на мене.” – рекол Швајцарецот.
“Мирка обожува да ме гледа како играм. Животот многу ни се промени по раѓањето на нашите близначки, така што денес се обидуваме да го организираме нашиот распоред за сите да бидат среќни. Таа патува со мене кога може. Кога неа ќе ја нема и јас веројатно ќе се збогувам со тенисот.” – открил Федерер.
Пронајдете не на следниве мрежи: