Популарната актерка Анџелина Џоли неодамна изјави дека чувствува потреба да направи се што е во нејзина моќ за да им помогне на жртвите од силување во Сирија.
Џоли за Канал 4, изјави дека таа смета дека нејзината хуманитарна работа и одзема многу повеќе време и многу повеќе ја задоволува отколку актерството.
Кога ја прашале дали би се откажала, таа одговорила:
''Секако. Мојата прва идеја беше да се откажам од актерството кога моите деца ќе влезат во тинејџерските години. Но со оглед на ситуацијата сега, можеби би го направила тоа и многу порано. Ќе снимам уште неколку филмови, а после ќе се посветам на моите деца и хуманитарната работа. Ова е една од најубавите професии во кои можете да се пронајдете. Но доколку се би исчезнало утре, среќна би била што сум повеќе време дома, со моите деца.''
37 годишната Џоли, се надева дека ќе поминува повеќе време како специјален амбасадор на Обединетите нации, а факт е дека откако стана мајка, таа се повеќе работи за оваа меѓународна организација.
Пронајдете не на следниве мрежи: