Имате проблеми со демони? Јавете се на линијата за помош…

Католичката црква во Милано од неодамна во своите услуги одлучи да вброи и една многу необична понуда. Имено, тамошната црква отворила посебна линија за сите кои сакаат да го истераат ѓаволот од опседнатите блиски личности.

Линијата работи од 14:30 до 17 часот, а преку неа можат да се договорат посети на еден од 12-те свештеници задолжени да го истераат демонот од опседнатата личност. 

На чело на овој “А-тим” се наоѓа монсињор Анџело Маскерони. Според неговите зборови, оваа линија е воспоставена поради се поголемиот број на оние на кои им е потребно истерување на ѓаволот. Исто така, додава дека неговиот тим од свештеници има многу работа. Околу 120 случаи дневно. 

“Луѓето на кои ова им е потребно сега полесно ќе најдат решение за својот проблем. До сега не сме имале бизарни случаи со превртување на вратот како во филмовите, но луѓето често ни се јавуваат за совет. Некои родители не можат да излезат на крај со тинејџерите кои користат дрога и алкохол, но и ним им помагаме, иако овде не се работи за вистински демон.” – објаснува Маскерони. 

Сепак, понекогаш имало опасни случаи, па така Маскерони се присетил на некое дете на возраст од 10 години, кој пред неговите очи го кренал креветот над главата и започнал да зборува на непознат јазик со изопачен глас. Во куќата на неговите родители Маскерони минал една недела, колку што било потребно за ѓаволот конечно да го напушти телото на детето. 

Пронајдете не на следниве мрежи: