Милионер до спонзоруша: Твојата убавина ќе исчезне, моите пари нема

Девојката која со писмо одлучила да побара богат сопруг, неодамна доби одговор и од генералниот директор на финансиската корпорација Ј. П . Морган.

-Имам 25 години и навистина сум убава девојка, вака се опишала на форумот, каде поставила прашање што треба да направи за да се омажи за богат човек.

– Имам стил и добар вкус. Желба ми е да се омажам за човек што заработува најмалку 500 илјади долари годишно. Можеби мислите дека сум алчна, но според мене заработката од милиони долари годишно во Њујорк, припаѓа на средната класа. Моето барање е разумно. Има ли некој на овој форум со годишна плата од 500 илјади долари, а да не е оженет? Ако има некој таков, за него имам едно прашање: Што треба да направам за да се омажам за тебе? Оние кои досега ги запознав најмногу заработуваа 250 илјади долари годишно и тоа се чини дека е мојата горна граница. Ако некој сака да се пресели во населба во западниот дел на Њујорк, 250 илјади долари едноставно не се доволно.

Првото прашања кое го поставила било. Каде најчесто се  дружат богатите ергени? (Наведете ја адресата и бројот каде излегувате) Второ прашање. Која возраст треба да барам? Трето прашање. Зошто поголемиот број на богати сопрузи имаат просечен изглед ? Четврто прашање. Како одлучувате која ќе биде ваша сопруга, а која само девојка?

Писмото е потпишано од г-ѓа Прити.

За многу брзо време добила одговор од директорот на корпоративната компанија Ј. П. Морган.

-Го прочитав твојот пост. Дозволи ми да ти одговорам од професионална гледна точка. Мој годишниот приход е поголем од 500 илјади долари годишно, кој одговара на твоите потреби.

Од гледна точка на деловните лица, тоа би било лоша одлука да те оженам. Да ги оставиме деталите на страна и да се обидеме на тоа да гледаме како размена на “убавина” за “пари”. Лицето А обезбедува убавина, додека личноста Б таа убавина ја плаќа со пари. Меѓутоа, тука постои еден сериозен проблем. Твојата убавина ќе згасне, а  моите пари не, не без некоја добра причина.

Факт е дека мојот приход може да се зголемува од година во година, додека ти од година во година тешко дека ќе станеш поубава.

Ако твојата вредност е само убавината, таа за десет години нема да вреди ништо. Според речникот на “Вол стрит” секоја продавница има почетна точка, а излегувањето со тебе е “точка на почетокот на тргувањето.” Ако трговијата на вредност паѓа, ние ќе го продадеме, бидејќи не е добро нешто што  нема вредност да се одржи на долг рок. Можеби ова ќе звучи грубо, но влошувањето на твојата убавина бизнисменот ќе ја продаде или ќе ја даде под закуп.

И внимавај, девојко, секој со 500 илјади долари годишен приход не е будала. Можеби ќе излезе со тебе, но нема да те ожени.

Јас би те советувал да се откажеш од потрагата по богат човек. И самата можеш да станеш многу успешна и да заработуваш 500 илјади долари годишно. Во тоа имаш поголеми шанси, отколку да се омажиш за богат будала.”

 

Превземено од: kurir.mk

 

Пронајдете не на следниве мрежи: