Во последните неколку дена, Фејсбук тргна во акција која изненади голем дел од корисниците. Имено, најпопуларната социјална мрежа почна масовно да отстранува насловни фотографии (cover фотографии) од профилите на своите корисници.
Со ова, Фејсбук сака да стави крај на поставувањето на промотивни фотографии и фотографии кои се заштитени со авторски права на места кои за тоа не се предвидени. Меѓу отстранетите фотографии се и сцени од ТВ-серијата “Doctor Who” и разни други филмови, пренесува Mashable.
Луѓето од Фејсбук тврдат дека нивните правила за насловни фотографии не се променети. Имено, според условите за користење, таа фотографија треба да биде “единствена слика која ја претставува страницата на корисникот”. Корисниците чии фотографии се отстраните не добиваат никакво известување, единствено при отворањето на својот профил се пречекани од празен простор. Иако фотографијата е отстранета од профилот, таа останува во фотографиите на корисникот.
Пронајдете не на следниве мрежи: