Рафа Бенитез (веќе) стравува од отказ по поразот од Вест Хем

Рафа Бенитез се соочува со тешка задача да им докаже на навивачите на Челзи дека тој е вистинскиот човек за тренерското место на сините од Лондон, откако Челзи загуби со 3-1 на гостувањето кај Вест Хем, со што Челзи сврза серија од 7 наптревари без победа во Премиер Лигата. 

Ова е најлошата серија на Челзи во Премиер Лигата од февруари 1995, а го имаат и најлошиот старт откако Абрамович го превзема клубот. Оваа сезона Челзи има 7 победи и 5 нерешени натпревари, како и 3 порази во првите 15 одиграни меча. 

Кога Бенитез го доби прашањето за безбедноста на неговото работно место, тој изјави: “Повторно ќе кажам, тоа зависи од нештата кои ние ќе ги постигнеме на теренот. Ако се подобриме таму, ќе биде полесно за сите.”

Поранешниот тренер на Ливерпул прифати дека неговата задача ќе биде потешка од тоа што тој првично го очекувал. Тој се надева дека непријателскиот однос кој навивачите го покажаа кон него нема да влијае на играчите. 

“Се чини дека ќе биде потешко одошто очекував, со оглед на статусот на оваа екипа и на резултатите постигнати до сега. Се надевам дека нема да имаме дополнителни потешкотии. Имаме искусни фудбалери, па тие знаат како да се справат со вакви ситуации. Знаеме дека мораме да победуваме и да направиме пресврт на ситуацијата. Мојата задача е да го подобрам тимот и да анализирам што не е во ред со нивната игра на теренот. Кога ќе почнеме да се подобруваме ќе стане многу лесно да ги свртиме нештата во наша корист.” – додава Бенитез за Daily Mail. 

Пронајдете не на следниве мрежи: