Израел ги блокираше средствата за Палестинците

Израелската влада во неделата објави дека го блокираше трансферот на финансиските средства што ги собира Израел за Палестинската самоуправа откако на Генералното собрание во Обединетите нации во четвртокот беше изгласан статусот држава набљудувач нечленка за Палестина.

Израелскиот министер за финансии Јувал Стајниц на почетокот од традиционалниот неделен состанок на советот на министри изјави дека сумата од 460 шекели (околу 92 милиони евра) кои во текот на декември требаа да бидат префрлени на Палестинската самоуправа на Западниот брег, ќе бидат блокирани.

„На самиот почеток од расправата за статусот на Палестина во ОН, рековме дека одлуката за статусот на држава набљудувач нема да мине без израелска реакција“, потсетил Стајниц.

„Немам намера да ги префрлам финансиските средства наменети за Палестинската самоуправа во текот на месецот како што беше најавено. Средствата ќе бидат искористени за враќање на долговите на Палестинската самоуправа на израелската државна електростопанска компанија“, додал министерот за финансии на Израел.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху повторил дека израелската влада има намера да продолжи со изградбата на дополнителни три илјади домови во областите на според меѓународните прописи, окупираниот Западен брег и источен Ерусалим.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: